Термини

Полагање за болничари

Кога: 15 Јануари 2018 @ 14:00

Математика - Завршен испит

Кога: 4 Декември 2017 @ 18:00

Курс по Англиски јазик

Кога: 16 Мај 2017 @ 17:00

Предавањa за заварувачи

Кога: 3 Ноември 2017 @ 09:00

Shërbime të tjera

Uncategorised

Пристапност

Веб страницата е направена со помош на систем за управување со соржини. Доколку забележете некои недостатоци обратете се до администраторот.

Пристапни зборови

Тастери за пристап (служат за навигација низ оваа веб локација користејќи ја тастатурата)

Дозволени пристапни зборови

Оваа страница користи поставувања кои се блиску до повеќето меѓународни препораки за тастерите за навигација. Тие се:

  • 1 - Домашна страна
  • 2 - Скокни на содржината
  • 3 - Мапа на станицата
  • 4 - Фокус на поле за пребарување
  • 5 - Напредно пребарување
  • 6 - Стебло за креирање по емаил
  • 9 - Податоци за контакт
  • 0 - Детаљи со тастери за пристап

Изјава за пристапност

Се потрудивме да ги употребиме нашите познавања и разбирања за начините на кои различни луѓе пристапуваат до Интернет, за да развиеме веб страница која ќе биде јасна и едноставна за употреба.

Валидација

Користиме XHTML 1.0 и CSS кој се согласни со спецификациите, одредени со W3C, бидејќи веруваме дека употребливоста и пристапноста мораат да имаат цврста основа. Ако има проблем со валидацијата, било каде на оваа страница, обратете се кај администраторот.

.

Услови за користење

Општи услови за користење на интернет страницата

  1. Дефинирање

Сајтот нуди интерактивна online услуга преку интернет страната на доменот www.univerzitetkrstemisirkov.edu.mk, со која управува О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево (во понатамошниот текст кога се спомнуваат заедно – www.univerzitetkrstemisirkov.edu.mk) на World Wide Web мрежата (во понатамошниот текст: – “Интернет“). Услугата се состои од давање на информациски услуги, управување со содржината, како и спроведување на финансиски трансакции. Наведените услуги заеднички ги даваат О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево, поврзани друштва и трети лица.

Под поимот “Интернет страници“ во овие Услови за користење се подразбираат сите интернет страници кои се наоѓаат во доменот www.univerzitetkrstemisirkov.edu.mk. Со користењето на овие интернет страници изјавувате дека сте запознаени и согласни со тука изнесените услови за користење и правила. Доколку не се согласувате со тука наведените услови за користење и правила, Ве молиме да се воздржите од употребата на овие интернет страници.

  1. Општо

Овие услови за користење ги пропишуваат условите и правилата кои се однесуваат на користењето на интернет страниците на www.univerzitetkrstemisirkov.edu.mk од страна на крајните корисници. Со користењето на овие интернет страници (освен при првото читање на овие услови), крајните корисници изјавуваат дека се согласуваат со тука изнесените услови и правила и согласни се со користењето на интернет страниците на www.univerzitetkrstemisirkov.edu.mk во согласност со нив. Правото на користење на овие интернет страници е лично право на Крајниот корисник и не може на ниту еден начин да се пренесе на други физички или правни лица. Крајниот корисник е лично одговорен за заштита на доверливоста на лозинките, на оние места каде што тие како такви постојат. Крајниот корисник е запознаен со фактот дека иако интернетот е општо сигурна околина, понекогаш доаѓа до прекин на услугите или до настани кои се надвор од контролата на  О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево. Според тоа, О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево не може да биде одговорна за било какво губење на податоци до кои може да дојде за време на преносот на информациите на интернет. Иако целта на О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево е овие интернет страници да ги направи достапни 24 часа дневно и тоа 7 дена во неделата, интернет страниците понекогаш можеби нема да бидат достапни од било која причина, вклучувајќи и нивно рутинско одржување. Пристапот на интернет страниците понекогаш може да биде во прекин, привремено недостапен или исклучен.

О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево го задржува правото во било кое време да измени или укине било кој сегмент од своето работење, вклучувајќи, но неограничувајќи се на содржината, времето на достапност, како и опремата потребна за пристап и користење на страниците. Понатаму, О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево може да престане да испраќа било кој дел од информацијата или било кој вид на информација, може да промени или да укине било каков начин на пренос на податоци, да ја промени брзината на пренос на податоците, како и било која нивна друга карактеристика.

  1. Измена на условите

О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево го задржува правото во било кое време и без претходно известување, доколку тоа го смета за потребно, да укине или да измени било кој од овдека наведените услови за користење и/или изјава за доверливост на податоците. Таквите измени, помеѓу другото, може да вклучуваат и воведување на определени надоместоци или наплата. Според тоа, ги советуваме корисниците повремено повторно да ги прочитаат информациите содржани во условите за користење и Изјавата за заштита на личните податоци, како би останале информирани за таквите измени. Напоменуваме дека доколку дојде до измена на Условите за користење на Изјавата за заштита на личните податоци и Вие продолжите да ги користите нашите интернет страници, се подразбира дека ги прифаќате Условите за користење и Изјавата за заштита на личните податоци кои се важечки во моментот. Било каква измена или бришење на условите и правилата на користење ќе стапи на сила веднаш откако ќе биде објавена на страниците. Било какво користење на овие интернет страници од страна на Крајниот корисник по таквата објава ќе се подразбира како прифаќање на тие измени.

  1. Опрема

Крајниот корисник е одговорен за набавката и одржувањето на својата компјутерска опрема, вклучувајќи го целокупниот софтвер и хардвер кој го поседува и кој го користи, како и друга опрема, која е потребна за пристап и користење на овие интернет страници, како и поврзаните трошоци со сето тоа. О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево не е одговорен за било какво оштетување на опремата на Крајниот корисник, која може да настане како последица од користењето на овие интернет страници.

  1. Однесување на Крајниот корисник

Овие интернет страници, како и било кои други страници, сега или подоцна содржани или на друг начин достапни по пат на надворешни линкови со интернет страниците на www.univerzitetkrstemisirkov.edu.mk се приватна сопственост. Целокупната меѓусебна комуникациија и интеракција која се одвива преку овие интернет страници мора да биде во согласност со овие Услови за користење. Иако ја подржуваме и поттикнуваме комуникацијата и меѓусебната интеракција на корисниците преку интернет страниците на www.univerzitetkrstemisirkov.edu.mk, бараме и очекуваме од сите корисници, сите нивни активности во врска со користењето на овие интернет страници да бидат во согласност со позитивните прописи на Република Македонија.

Крајните корисници не смеат преку овие интернет страници да објавуваат или пренесуваат било какви материјали кои ги загрозуваат или на било кој начин ги кршат правата на другите, било каков материјал кој по својата природа е незаконски, загрозувачки, навредлив, клеветнички, кој ја нарушува или загрозува приватноста, кој е вулгарен, расипан или на друг начин непожелен во одмерената комуникација, кој поттикнува на противправни активности или на друг начин крши било каков пропис и кој без изречно, претходно и писмено одобрение на  О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево, содржи огласување или понуда на било чии производи и услуги. Било какво однесување на Крајните корисници, кое по дискрециона оцена на О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево го ограничува или оневозможува било кој друг краен корисник во користењето или уживањето во овие интернет страници строго е забрането. Крајниот корисник не смее да ги користи овие интернет страници за огласување или изведување на било каква комерцијална, верска, политичка или некомерцијална пропаганда, вклучувајќи повикување на корисниците на овие интернет страници на тоа да станат членови на друга online или offline услуга, која представува директна или индиректна конкуренција или потенцијална конкуренција на О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево.

  1. Интелектуална сопственост

Сите материјали кои се наоѓаат на www.univerzitetkrstemisirkov.edu.mk интернет страниците се екслкузивно право на  О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево или се користат со изрично одобрение на носителот на авторските права и на носителите на трговските марки и/или дизајни. Било какво копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабинско поврзување или на друг начин менување на овие интернетски страници без изрично писмено одобрение од О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево строго е забрането! Било какво кршење на овие услови, кое може да има како последица повреда на авторските права, правото на трговска марка или право на било кој друг облик на интелектуална сопственост може да доведе до покренување на граѓански или трговски постапки и/или до кривичен прогон против сторителот. Овие интернет страници содржат материјали заштитени со авторско право, трговска марка, дизајн и други информации кои се покриени со други права на физички и правни лица, вклучувајќи, но неограничувајќи се на текстови, софтвер, фотографии, видео материјали, графика, музика, звук, како и целокупната содржина на интернет страниците на www.univerzitetkrstemisirkov.edu.mk, а во согласност со прописите на Република Македонија. О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево е носител на авторските права во врска со изборот, координацијата, поставувањето и унапредувањето на таквата содржина, како и на правата во врска со оригиналната содржина.

Крајниот корисник не смее да: менува, објавува, пренесува, учествува во преносот или продажбата, преработува или адаптира или на било кој начин да користи било која содржина, во целост или делумно. Крајниот корисник може да ги превзема, печати и подготвува материјалите заштитени со авторско право само со цел за своја сопствена употреба. Не е дозволено копирање, редистрибуција, повторен пренос, издавање или комерцијално искористување на превземениот материјал без изрично писмено одобрение на О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево и носителот на авторското право.

Крајниот корисник нема на овие интернет страници да поставува, објавува или на друг начин да прави достапен било каков материјал кој подлежи на авторско право, трговска марка или други права на интелектуална сопственост, без изрично одобрение на носителите на тие права. О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево нема никаква обврска да го известува Крајниот корисник или да му помага во одредувањето на тоа дали некој материјал подлежи на авторско право. Крајниот корисник е едиснтвено и исклучиво одговорен за штетата која може да настане со повредата на авторските права, злоупотребата на трговската марка и на други права на интелектуална сопственост или било какви проблеми настанати во врска со објавувањето на таков материјал. Со поставувањето на материјал на било кој, јавно достапен дел, на овие интернет страници, Крајниот корисник гарантира дека носителот на правата на тие материјали изрично му дава на  О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево бесплатно, временски неограничено, неповратно, не-ексклузивно право и лиценца за користење, репродукција, модифицирање, прилагодување, објавување, преведување и дистрибуција на таквиот материјал (делумно или во целост) на подрачјето на целиот свет. Крајниот корисник исто така им дава на другите крајни корисници право на пристап, прегледување, подготовка или репродукција на тој материјал за нивна сопствена употреба. Со тоа Крајниот корисник му дава право на  О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево да го менува, копира, објавува и дистрибуира било кој материјал, кој Крајниот корисник ќе го направи достапен на овие интернет страници.

  1. Изјава за гаранција и ограничување на одговорноста

Крајниот корисник изрично се согласува дека користењето на овие интернет страници е исклучиво на одговорност на крајниот корисник. Ниту О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево, нејзините подружници, како ниту еден од нивните вработени, агенти, трети даватели на услуги или лиценцирани друштва не гарантираат дека користењето на овие интернет страници нема да биде прекината или дека ќе биде без грешки; ниту гарантираат за (1) последиците кои можат да настанат со користењето на овие интернет страници или (2) за точноста, сигурноста или содржината на било која информација, услуга или стока дадена преку овие интернет страници.

Оваа изјава за одговорност се однесува на сите штети или можни повреди причинети со било какви лоши особини, грешка, исклучок, прекин, бришење, дефект, каснење со работата или преносот, компјутерски вирус, прекин на комуникациска линија, кражба, уништување или неовластен пристап, промена или злоупотреба на записите, раскинување на договор, несоодветно однесување, небрежност или со било кое друго дејство. Крајниот корисник изрично потврдува дека  О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево не е одговорно за навредливо, несоодветно или противзаконско однесување на другите корисници или трети лица и дека ризикот од штетата која може да настане како последица на наведеното во потполност лежи на крајниот корисник.

Во ниту еден случај  О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево или друго физичко или правно лице вклучено во создавањето, производството или дистрибуцијата на овие интернет страници или со нив поврзана содржина, како и било кој софтвер, нема да бидат одговорни за било каква штета која може да настане како последица од користењето или заради неможност за користење на овие интернет страници. Крајниот корисник изрично потврдува дека условите од ова поглавје се однесуваат на целокупната содржина на овие интернет страници. Со претходно наведените услови, ниту  О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево, ниту неговите подружници, даватели на информации или партнери кои ја уредуваат содржината, нема да бидат одговорни, без оглед на причината или траењето, за било која грешка, неточност или други недостатоци, несоодветност или неизворност, на информациите кои се наоѓаат на овие интернет страници, како и за било какво доцнење или прекин во преносот на информациите до крајниот корисник, за било какво побарување или загуба кои произлегуваат од тоа. Ниту една од горенаведените страни нема да биде одговорна за било какви побарувања или загуби на трети лица, вклучувајќи и изгубена заработка.

 О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево не е одговорно за било каква содржина која корисникот, претплатникот или неовластениот корисник може да ја постави на овие интернет страници. Било каква содржина која е поставена, а која е или може да се смета за несоодветна може во секој момент да биде отстранета од страна на  О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево. О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево го задржува правото на измена, прилагодување, бришење или отстранување на било која содржина за која ќе оцени дека е несоодветна.

  1. Надзор

О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево има право, но не и обврска, во секој момент да врши надзор над содржината на овие интернет страници, вклучувајќи и било која chat соба и форум кои би можеле да бидат содржани како дел на овие интернет страници, а со цел да се обезбеди усогласеност и почитување на овие Услови за користење, како и на било кои други правила пропишани од страна на  О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево, како и усогласеност со било кој соодветен закон, пропис или друг акт. Без ограничивање од претходно наведените ставки, О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево го задржува правото на отстранување на било кој материјал, за кој според сопствената дискрециона оценка ќе најде дека не е во согласност со тука поставените правила или за кој ќе најде дека е дискутабилен на друг начин.

  1. Приватност

Крајниот корисник потврдува дека сите дискусии, оцени, коментари, приватни пораки, chat соби и/или други начини на праќање на пораки или меѓусебно комуницирање (во понатамошниот текст – Заедници) се од јавна, а не од приватна природа, и според тоа членовите на О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево можат да вршат надзор над комуникациите на Крајниот корисник без нивно знаење и експлицитна дозвола. Со оглед на тоа дека О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево не ја контролира или авторизира содржината, пораките или информациите кои можат да се најдат во било која од Заедниците О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево специфично негира било каква одговорност во врска со Заедниците и за било какви дејствија кои се последица на учеството на Крајниот корисник во било која од Заедниците, вклучувајќи ја одговорноста за можни спорни содржини. Било каква комуникација, која Крајниот корисник ќе ја објави на системот О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево (било да се работи за chat соба, група за дискусија, форум или слично) се смета дека не е доверлива.

Доколку определени web страници дозволуваат објавување на комуникации кои О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево ги третира како доверливи, тој факт ќе биде наведен на тие страници. Со објавувањето на коментарите, пораките или други информации на оваа интернет страница, Крајниот корисник му дава на  О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево право на користење на тие коментари, пораки или други информации со цел за промоции, огласувања, истражување на пазарот или за било која друга правно дозволена намена. За повеќе информации погледнете ја Изјавата за доверливост на податоците на  О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево и страниците www.univerzitetkrstemisirkov.edu.mk.

  1. Лиценцирање

Со објавување на или преку овие интернет страници, Крајниот корисник на  О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево му дава бесплатна и правно важечка, неповратна и не-ексклузивна лиценца за користење, репродукција, менување, објавување, прилагодување, преведување, дистрибуција, спроведување и прикажување на таа комуникација, сама или како дел на поголема целина, во било кој облик, на било кој медиум или преку било која технологија, позната или подоцна развиена, како и делење на таквите права со повеќекратни делители на таа лиценца.

  1. Надомест на штета

Крајниот корисник се согласува дека ќе го обештети и нема да го смета за одговорно  О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево, неговите подружници, нивните одговорни лица, вработени и агенти, за сите побарувања за надомест на штета и трошоци, вклучувајќи ги трошоците за правно застапување, а кои можат да настанат со користењето на овие интернет страници од страна на Крајниот корисник.

  1. Прекин на деловниот однос

О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево може да го раскине деловниот однос со било кој свој Краен корисник во било кое време. О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево го задржува правото моментално да укине било која лозинка или кориснички профил на Крајниот корисник во случај на било какво однесување на Крајниот корисник, кое  О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево според својата дискрециона оцена го смета како неприфатливо, како и во секој случај на непочитување на овие Услови од страна на Крајниот корисник. Во случај на укинување на лозинки или кориснички профили условите од Поглавјата 3, 5, 6, 7, 10, 11 и 12 нема да престанат да важат помеѓу Крајниот корисник и О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево.

  1. Трговски марки

О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево однос на оваа трговска марка со тоа се изрично задржани. Доколку не е поинаку наведено, сите други трговски марки кои се појавуваат на системот на О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево се интелектуална сопственост на нивните носители.

  1. Разно

Насловите на Поглавјата користени во овие Услови за користење служат само заради полесна ориентација и на било кој начин не влијаат на толкувањето на содржината која се наоѓа во нив. Доколку надлежниот суд пронајде дека било која одредба од овие Услови е ништовна, таквата ништовност нема да влијае на валидноста и важноста на било која друга одредба од овие Услови, и преостанатите делови на овие Услови ќе останат на сила. Доколку било која страна не ги искористи своите права од овие Услови, тоа нема да се смета за откажување или губење на тие права, како ни на било кои други тука наведени права.

Седиштето на  О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево е во Кичево, Република Македонија. Правните спорови кои можат да настанат како последица на користењето на овие интернет страници (освен доколку со посебен договор не е предвидено поинаку) се во надлежност на судот во Кичево и се решаваат во согласност со позитивните прописи на Република Македонија. Со користењето на овие интернет страници Крајниот корисник е согласен дека било кој спор или барање кое ќе произлезе или е во врска со овие Услови или во врска со нивното спроведување, е во надлежност на судот во Кичево.

Приватност

Политика за заштита на лични податоци

Ви благодариме за посетата на нашата веб страница. Приложената политика за заштита на лични податоци објаснува како ги користиме Вашите лични податоци генерирани на оваа страница. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува и правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработката. Политиката за заштита на лични податоци се однесува за веб страницата на О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево, www.univerzitetkrstemisirkov.edu.mk и се појавува на дното од страницата. Оваа политика се однесува и се применува на сите наши домени и поддомени и се појавува на дното од страницата.

Објавите во Политиката за заштита на лични податоци можат да бидат изменети и секоја измена ќе биде евидентирана. Притоа, Ве покануваме да ја прегледате политиката за заштита на лични податоци секогаш кога ќе ја посетувате нашата веб страница со цел да ги дознаете најновите промени кои се однесуваат на користење на Вашите лични податоци.

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

Забелешка: доленаведените објави во оваа Политика за заштита на лични податоци се однесуваат само за оваа веб страница. Доколку се поврзувате со други веб страници, потребно е да ги разгледате и прочитате Политиките за заштита на личните податоци објавени на истите.

Прибирање на информации

Личните податоци, доброволно поднесени од нашите посетители: Име, презиме, поштенска адреса, контакт телефонски број и електронска адреса, се прибираат и употребуваат со цел да се исполни Вашата побарана нарачка. Овие информации ќе се користат единствено за цел исполнување на нарачките, освен доколку не ни обезбедите дозвола да ги користиме за друга цел, на пример да ве додадеме на нашата мејлинг листа. Личните податоци ќе бидат чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка, по што истите се бришат и уништуваат.

Cookies/Технологија на следење

Оваа веб страница може да употребува cookies и технологија на следење во зависност од понудените форми. Cookie и технологијата на следење се корисни за прибирање на информации како што се тип на пребарувач и оперативен систем, следење на број на посетители на веб страницата и употреба на веб страницата од страна на посетителите. Cookies исто така придонесуваат кон подобрување на веб страницата и нејзино прилагодување кон потребите на посетителите. Личните податоци не можат да се прибираат преку Cookies.

Давање на лични податоци на користење

Само врз основа на закон Вашите лични податоци можат да бидат дадени на користење на државни органи или други институции. Имено, станува збор за следните можни ситуации:

  1. Забрането или побарано со Закон
  2. Заштита на постоечка или потенцијална измама или неавторизирана трансакција
  3. Истрага на измама која веќе се случила

Информациите кон горе наведените тела/институции не се пласирани за маркетинг цели.

Обврска за тајност и заштита на личните податоци

Вашите лични податоци се безбедно сочувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Единствено авторизирани вработени имат пристап кон овие информации. Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што истите нема да бидат читливи при преносот и заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат. Заради спречување на неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе се превземат сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

Употреба на веб страницата од страна на малолетни лица

Им препорачуваме на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели. О.У.Р.У. "Крсте Мисирков" - Кичево никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, ниту пак истите да ги проследи на трета страна без дозвола од родителот/старателот.

Објава за промени

Доколку има некои промени во нашата заштита на личните податоци ќе бидат напишани во оваа изјава за заштита на личните податоци, почетната страница и на други места за кои сметаме дека се соодветни. 

Локација и работно време

University Joomla and WordPress Template

Просториите на Работничкиот универзитет "Кочо Рацин" се наоѓаат во самиот центар на градот Кичево, во зградата на Н.У. Центар за култура "Кочо Рацин" - Кичево на 3-ти кат.

Како да аплицираш

За аплицирање за секоја услуга која ја нуди О.У. Работнички универзитет " Крсте Mисирков" - Кичево, треба лично да се јавите во просториите на универзитетот во зградата на Н.У. Центар за култура "Кочо Рацин" - Кичево на 3-ти кат. За дополнителни информации контактирајте го универзитетот на телефонскиот број +38945225323 или испратете електронски допис преку следнава Контакт форма.

Едукативни работилници

О.У. Работнички универзитет "Крсте Мисирков" - Кичево организира Едукативни работилници за деца и возрасни:

  • - Курс за кроење и шиење кој завршување со стилска изложба.
  • - Креативни едукативни работилници за деца  и возрасни од областа на  уметноста и здрава храна .

ЗА СИТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЈАВЕТЕ СЕ НА: 045 225 323 ИЛИ 070 282 353

Курсеви

О.У. Работнички универзитет "Крсте Мисирков" - Кичево организира курсеви за:

  • - Странски јазик  основен  напреден ( Aнглиски , Германски , Албански)
  • - Познавање на компјутери и информатика  (Microsoft office, Internet ,Windows OS).
  • - Математика за основци и средношколци.

ЗА СИТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЈАВЕТЕ СЕ НА: 045 225 323 ИЛИ 070 282 353

Обуки и проверки на познавања

workersО.У. Работнички универзитет "Крсте Мисирков" - Кичево организира Обука и проверки на познавање за голем број на струки:

Градежни струки: Скелар, Монтер на скелар, Ѕидар-тесар, Фасадер, Монтер на кровни конструкции, Монтер на подни и ѕидни облоги, Плочкар, Ракувач на градежни машини (Кранист, Ракувач на вилушкар, Ракувач на утоварна лопата, Багерист).

Авто струки: Авто механичар, Авто електричар, Автолимар, Автолакер.

Прехрамбени струки: Производство на кори, Кадаиф и корнети, Пекар - производство на леб и бели пецива, Пица мајстор, Млекар, Месар - касап.

Струки за лична нега: Нега на болен – Болничар, Негувател – Бебиситер, Бербер, Фризер за мажи, Фризер за жени, Козметичар.

Електро струки: Електроинсталатер, Електричар, Електромонтер.

Машинско - Металски струки: Алатничар, Машино бравар, Металостругар, Бушач – машинист, Пушкар, Лимар, Заварувач, Ракувач на парни котли, Компресори и садови под притисок.

Угостителски струки: Угостител, Готвач, Шанкер, Келнер, Бармен, Рецепционер.

Дрвопреработувачки струки: Столар, Монтер на иверка, Тапетар за намештај и врати, Ролетар, Монтер на ПВЦ и алуминиумски профили.

Текстилни струки: Крјоач, Шивач, Пеглач.

Економски струки: Дактилограф, Сметковотство, Менаџмент, Трговец.

Останати занаети како што се : Кујунџија, Златар, Кондураџија, и други.

 

ЗА СИТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЈАВЕТЕ СЕ НА: 045 225 323 ИЛИ 070 282 353


Deprecated: implode(): Passing glue string after array is deprecated. Swap the parameters in /home/univerz1/public_html/modules/mod_bt_googlemaps/tmpl/default.php on line 78

Награден литературен конкурс за основни училишта

Општинска Установа Работнички Универзитет ,,Крсте Мисирков“ Кичево, по повод одбележување на Меѓународниот ден на жената 8ми Март, го распишува следниот НАГРАДЕН ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС со наслов ,,НАЈДОБРИТЕ СТИХОВИ ПОСВЕТЕНИ НА MAJKATA“. За повеќе информации превземете го следниот ДОКУМЕНТ.

Награден литературен конкурс за средни училишта

Општинска Установа Работнички Универзитет ,,Крсте Мисирков“ Кичево, по повод одбележување на Меѓународниот ден на жената 8ми Март, го распишува следниот НАГРАДЕН ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС со наслов ,,НАЈДОБРИТЕ СТИХОВИ ПОСВЕТЕНИ НА ЖЕНАТА“. За повеќе информации превземете го следниот ДОКУМЕНТ.

Log in